Понизноста не е слабост како што мислат некои неуки луѓе. Секако, преку материјалната концепција на понизност, тоа може да се чини точно, но тоа всушност не е понизност.
Да се биде понизен, значи, да се види Божјата сила во себе и во се’ околу себе. Вистинска понизност значи да се биде без лажно его и сфаќања, дека ние ги извршуваме делата.
Тоа значи да се стане длабока личност, која ја гледа правата вистина и Божјата рака, како делува и да се стане инструмент на божествената моќ.
Вистинската понизност е најголемата моќ во целатa креација, поради тоа што со нејзината моќ, се поврзуваме со апсолутната вистина. Се додека сме под влијание на нашето лажно его, не можеме да се поврзиме со вистината, која се наоѓа насекаде околу нас.
Понизноста не’ поврзува со најголемата моќ, додека гордоста не’ поврзува со разни ниски фрекфенции кои непотребно ни го комплицираат животот.
Тоа е причина за нашето постоење во овој материјален свет. Поради тоа што, обвинуваме други луѓе, други ситуации, за нашата ситуација, а всушност никогаш не го бараме вистинското решение а тоа е да се свртиме кон Бог.
Radhanath Swami
Leave a Reply