Имаш ли некој кој може да ја разгледа твојата спакована болка? Некој кој внимателно ќе ги ‘земе’ твоите солзи, за да види што се крие во нив?
Ама пред се’, сакам да те прашам, дали си свесна дека ТИ одлучи таа болка да ја спакуваш? Ти одлучи да молчиш за исплаканите солзи.
По ѓаволите, сите кои те ‘учеа’ да ги криеш своите емоции! По ѓаволите со она: ‘Немој да плачеш, ти си јака’.
Силна жена, е онаа која плаче кога ја боли, бидејќи тоа и овозможува подоцна да ги гази сите предизвици пред неа. Таа жена нема да пукне по шавови, токму затоа што истите тие шавови ќе ги олабави малку кога е потребно. Таа жена нема да молчи и голта емоции како што научила од другите.
А ти…ако ја сакаш.. биди тука кога малку ќе ги олабави шавовите и почни да ја слушаш меѓу пукнатинките и раните. Биди тука да фатиш некоја солза. Не заради неа, туку заради себе. Да ја запознаеш подобро. Да видиш колку е совршена во својата несовршеност.
Затоа што ја сакаш, по ѓаволите!
Leave a Reply