Во животот треба да бидеш борец! Нема не можам, не знам..

Секој ден во весниците се појавуваат многу натписи што го сеат семето на стравот, суетатата, грижата, несреќата. Доколку ги усвоите, таквите мисли може да ви ја уништат секоја волја за живеење.

Сепак, вооружени со сознанието дека можете да ги совладате со помош на творечката конструктивна автосугестија упатена на потсвеста, со леснина ќе надминете каква била опасност. Непрекинато преиспитувајте ја негативната сугестија, што ќе ја добиете од своите блиски. Никој не е должен да ја усвои разорната сугестија.

Секој од нас доволно претрпел од таквите ставови во текот на детството и младоста. Ако погледнете наназад ќе ви биде разбирливо дека родителите, пријателите, наставниците и колегите со сите сили се труделе успешно да ја спроведат кампањата на почитување на негативните сугестии.

Доволно е макар и за момент да се замислите над работите што ви ги рекле и да ја сфатите нивната суштина. Целта им е воспоставување на контрола над вашата личност и внесување на страв длабоко во неа.

Процесот на сугестија тече во секој дом, во секоја канцеларија, во секоја фабрика и во секој клуб. Неговата основна цел е во секој од нас да ги разбуди мислите, чувствата и стремежите што им одговараат на другите и кои по правило се погубни за нас.

Џозеф Марфи ‘ Моќта на потсвеста’

Leave a Reply

Up ↑

%d