Еднаш се’ ќе дојде на свое место. До тогаш, верувај во себе!

Секогаш ќе постои тој еден човек. Еден која ќе остане во твоето срце, се’ до твојот последен здив. Кој ќе има делче од твоето срце. Оној кој те променил. И без оглед колку се трудиш, колку долго тој човек бил покрај тебе, самата помисла на него, ќе ти го застане дишењето.

Нема да можеш да се решиш од тој дух и неговата сенка. Тој секогаш ќе доаѓа во најубавите соништа, но и во ноќните мори.

Но, дали тоа не е убаво? Да знаеш, дека тој човек те сакал. Дека си била драгоцена и обожувана од него и дека те правел среќна. Те изградил. Те обликувал. Те поучил колку си преубава, ти покажал колку си достојна, за верна и прекрасна љубов.

Иако тој човек повеќе не е покрај тебе, дури и ако вашата љубов кратко траела, ќе остане и понатаму во твоите коски и твоите станици и во твојата мускулна меморија. Таа љубов и понатаму ќе биде жива во тебе. Иако можеби, тој сега некаде е на друго место, ти покажа колку си волшебна.

Ти покажа, колку си убава и способна. Неговата љубов те научи дека заслужуваш да бидеш среќна со или без него. Неговата љубов те научи како да сакаш и да бидеш сакана. И дека тоа заслужуваш.

Не гледај на неговото заминување како на трагедија. Не го третирај неговото заминување како гром од ведро небо. Гледај на неговото заминување како на свој нов почеток. Како на отворен пат кон нова љубов и нова магија.

Не дозволувај да остане горчина во тебе. Не дозволи си себеси, неговото заминување да ја запре вербата во љубов. Имаше љубов на кратко.

Имаше голема љубов и потполна промена во животот, како што многу луѓе, никогаш немале привилегија да доживеат. Затоа немој да се криеш, од својот сопствен живот. Не ги исклучувај луѓето кои ги сакаш.

Животот и понатаму е убав, ако таков го гледаш. И не вели дека никогаш повеќе нема да сакаш. Ќе сакаш повторно.

Чувај ги сеќавањата во својот ум. Твојата душа нека се сети на љубовта и дозволи и’ на душата, да ја пушти таа љубов. Тоа не значи дека некогаш ќе заборавиш. Тоа не ја прави љубовта, ништо помалку од она што била. Тоа не те прави неспособна за понатаму.

Само мораш да го пуштиш тој човек, за да можеш да доживееш љубов, за да се заљубиш повторно во својот живот и да му дозволиш на своето срце, за некој повторно да се отвори.

Мораш да го пуштиш да си оди, за да можеш повторно да го живееш својот живот. Но, никогаш нема да заборавиш, како се чувствуваше твоето срце.

Ќе доживееш нова љубов. И еден ден, таа нова љубов која ќе ја најдеш, никогаш нема да ја напуштиш. Но, ќе сфатиш и зошто.

извор: Atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: