Кога и да сакаш, сакај со целото срце и никогаш не се плаши да ја покажеш љубовта. Остави твојата љубов да биде како отворена книга за да може сите да ја читаат.
Тоа е најпрекрасната работа на светот, па затоа пушти ја таа божествена љубов во тебе слободно да се шири. Љубовта не е слепа, но таа гледа се’ најдобро во саканата личност и така го предизвикува најдоброто.. Никогаш не определувај и не избирај кого ќе сакаш.
Остави го срцето отворено и пушти ја љубовта еднакво да се шири кон сите луѓе. Така се сака, со Мојата божествена љубов.Таа е како сонце кое еднакво осветлува се’.
Љубовта никогаш не би требало да се отвора и затвора како славина. Љубовта никогаш не е единствена, никогаш не е посесивна. Колку си порасположен да ја поделиш со некого толку поголема ќе биде таа.
Држи се за неа грчевито и ќе ја изгубиш. Пушти ја, и таа ќе ти се врати илјада пати посилно и ќе стане радост и благослов за сите што ја делат со тебе.
Ајлин Кеди ‘Отворање на внатрешните порти’
Leave a Reply