Верувам во невозможно, бидејќи се’ е можно

Не зборувај лошо за другите. Негативната енергија која ја пушташ, а ако во неа и уживаш, ќе ти се врати повеќекратно. Кога зборуваш лошо за некој, кој не е тука и не е во можност да се одбрани, зборува повеќе за тебе, отколку за личноста за која зборуваш.

Луѓето кои ги критикуваат другите, не се свесни колку имаат болка во себе. Вистински среќни луѓе, немаат потреба да ги ‘спуштат’ другите. Биди со луѓе кои зборуваат за идеите и визиите, не за другите.

Луѓето зборуваат лошо за другите, бидејќи ги сметаат за закана и се надеваат дека тие, нема толку да бидат привлечени од нив.

Но, со тој чин, само стануваш помалку привлечен..Кога на некој му зборуваш лошо за другите, тие знаат дека така ќе зборуваш и за нив, кога не се со тебе.

Кога некој сакаш да го ‘спуштиш’, признаваш дека тој другиот е над тебе. Луѓето кои трошат време за барање грешки во другите , обично немаат време да ги исправат своите.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: