Колку даваме од себе? Дали го давате својит минимум или максимум? Како и да одберете, така ќе се поставите кон себе и светот.
Колку пати ве воодушевиле луѓето, кои со својата енергичност, пристапиле кон својата работа и дале многу повеќе од она што сте побарале и очекувале? Колку пати ве разочарале луѓето, кои површно и млако го одработиле она што од нив сте изискувале?
Светот го воодушевуваат оние кои даваат најмногу од себе. Тие знаат дека нема да ги потрошат своите сили, ако бараат повеќе од својот минимум. Всушност, законот на животот е спротивен. Што повеќе давате- повеќе имате.
Дали ги користите своите знаења, искуства и можности кога нешто ново, се обидувате да направите? Запрашајте се, што ве спречува тоа да го правите?
Откријте ги тие внатрешни препреки, кои не ви даваат да почувствувате исполнувањето на животот. Што поинтензовно се давате себе си, тоа поинтензивно го проживувате животот. Покрај тоа, стекнувате интензивни искуства.
Кога од некоја подалечна временска перспектива ќе се погледне на животот наназад, тогаш нема за што да жалите, бидејќи сте живееле исполнет живот. Токму тоа е најголема причина за жалење на смртната постела.Се жали за пропуштените прилики.
Животот на минимум, всушност е најголема пропуштена прилика, бидејќи никогаш до крај не сте се запознале себе си и своите потенцијали. Затоа не се плашете, не ги жалете своите сили, бидејќи вашиот внатрешен извор е неограничен.
Не можете да се потрошите, се додека го давате својот максимум. Убаво е да се живее блиску до луѓе, кои даваат се’ од себе, бидејќи во вас буди некои силни емоции, не’ носат кон самата суштина на животот. Инспирирајте се со такви луѓе.
Убавината на животот е во тоа да дадеме најмногу од она што можеме. Тогаш нашите потенцијали ќе заблескаат, а ние ќе се чувствуваме како исполнети луѓе.
Leave a Reply