Кога ќе го направиш она, од кое најповеќе се плашиш, тогаш можеш да направиш било што

Никогаш не се жалете на било кој и било што, бидејќи во основа од својот живот, сте направиле, она што сте сакале. Прифатете ги потешкотиите, како искуство, а нивната вредност искористете ја да го поправите својот карактер, бидејќи триумфот на вистинскиот човек, произлегува од пепелот на своите грешки.

Никогаш не се жалете на вашата осаменост или на својата среќа. Соочете се храбро и прифатете ја. Тие се последица на вашите дела и обиди, како и доказ, дека секогаш сте во добивка. Не се чувствувајте фристрирано од сопствените неуспеси. И не ги истурајте врз некој друг.

Прифатете се себе какви што сте, сега или продолжете себе си да се оправдувате како дете. Запомнете, дека секое време е добро за почеток и да нема ништо страшно, за да се оствари.

Не заборавај дека твојата сегашност, е причина за твоето минато, како што причината за твојата иднина ќе биде твоја сегашност.Учи од храбриот, од јакиот. Од некој кој не прифаќа ‘ситуации’. Од некој кој ќе живее и покрај се’.

Размислувај помалку за своите проблеми, а повеќе за своето делување. Научи како да се издигнеш од својата болка и да бидеш поголем од најголемиот проблем.

Погледни се себе си во огледало и ќе бидеш, слободен и јак. И ќе престанеш да бидеш кукла на околностите. Бидејќи, ти си твоја судбина.

Разбуди се и гледај во сонцето рано наутро и диши го сонцето на зајдисонце. Ти си дел од силата на својот живот- сега.

Стани, бори се, оди, биди сигурен дека во животот ќе бидеш победник. Немој никогаш да размислуваш за ‘судбина’. Бидејќи судбината е изговор за неуспех.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: