Можете со години да чекате поволна прилика, повеќе мотивација, одобрување од другите и да не направите ништо. Но, кога ќе погледнеме, што се наоѓа како заеднички именител на сите успеси, стои исто начело: да се делува веднаш. Сега или никогаш.
Резултатите се остваруваат само врз основа на она што правите, не на она што планирате да направите. Можете да згрешите, но, тогаш сте стекнале искуство, што, втор пат нема да го направите. Можете да тргните во друг правец, но следниот пат ќе знаете, каде не треба да одите.
Битно е, да се тргне од место и тоа е најтешко. Помрднувањето создава сила, а силата води кон забрзување. Ако стоите -стоењето само повеќе се зацврстува. За што и да се работи, битно е нешто да се направи веднаш.
Можете со години да ја замислувате целта и исто толку време да сте обесхрабрени, но само ако се обидете, имате храброст и одважност, свесни дека можеби ќе згрешите, ќе знаете како да ги елиминирате предизвиците до целта.
Успехот е, како што вели поговорката, само 10% инспирација и 90% делување. Токму таа изрека зборува колку е важно да се делува. Делување во иднина не постои, постои само делување во сегашноста.
Планирањето е важно, но делувањето е поважно. Да се победи стравот и да се надвладеат изговорите е прв чекор за да се охрабрите, нешто да направите. Задвижете се, иако не го гледате целиот пат. Решението ќе дојде некако.
Чувството кое го дава делувањето, ќе стане сила која ќе ве тера да правите повеќе и повеќе. Успехот, на крај, не е ништо друго, туку последица на вашата истрајност.
Leave a Reply