Две лаги кои ти ги зборуваа другите во животот:
– Нема да бидеш ништо
– Можеш да бидеш се’ што ќе посакаш
Вистина е дека не можеш да бидеш се’ што ќе посакаш, но можеш да бидеш се’ што Ти си. Алберт Ајншајн еднаш рекол дека секој е генијалец, но ако и’ судиш на рибата по нејзината способност да се качува на дрво, цел свој живот ќе го помине, верувајќи дека е глупа.
Во себе ја имаш генијалноста, потенцијалот и способноста кои само чекаат да ги откриеш, ископаш и ослободиш. Секој има поинаква способност или одредена генијалност.
Често, споредувањето со способностите на другите, може да значи превид, на она што е прикладно за тебе. Не сме сите создадени да бидеме теоретски физичари, астронаути, хирурзи, готвачи.
Насочи се на она во што си добар, вредно за она што посакуваш и немој да се вознемируваш што не можеш се’ да работиш совршено. Никој не е како ти и тоа е твоја супер сила.
Leave a Reply