Постои само еден успех- да го поминеш својот живот на свој начин

Kој го одредува вашето однесување, вие или вашата околина? Ако го одредува околината вашето однесување, секогаш ќе биде условено од тоа што ќе кажат другите.

Тоа е еден од најголемите наши предизвици во заедничкиот живот. Се плашиме да не бидеме исклучени, затоа сме подготвени се’ да направиме и се’ да жртвуваме за да бидеме дел од заедницата.

Но, што се случува со нашата слобода? Потребно е значи, многу храброст за да бидеме верни на себе. Иако ни се чини, дека другите повеќе ќе не’ почитуваат ако работиме по нивно, на крајот ќе добиеме поголемо почитување, ако го добиеме својот интегритет.

Не можеме секогаш да играме како што свират другите, бидејќи тука сме, да ја исполниме својата задача, а не нивната. Таа задача треба да ја обавуваме љубезно, храбро и чесно, иако другите, за нас имаат свои желби и желбички.

На тој начин ќе покажеме, дека сме навистина самостојна и слободна личност. Да се осмелиш, да бидеш свој е еден од најголемите предизвици, кои се поставуваат пред човекот, посебно денес кога живееме, во се потесен амбиент и околности. Да се осмелиш да бидеш свој, значи, да сфатиш кој си навистина и да одбиеш некој друг, да ги одредува правилата на твоето однесување.

Ако тоа не го успеете, секогаш ќе живеете некој туѓ живот и на крајот, да бидете исполнети со жалење.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: