Пред да тргнете да ја барате среќата, проверете, можеби веќе сте среќни

Среќата е наша природна состојба. Малите деца имаат во себе чиста среќа, на кои им припаѓа, сето благо на овој свет, додека општеството и културата не ги извалкаат и не ги заградат со својата глупост.

За да ја остварите среќата, не мора да правите ништо, бидејќи среќата не може да се стекне. Знае ли некој зошто? Затоа што веќе ја поседуваме.

Како можете да стекнете нешто, кое веќе го имате? Зошто тогаш не ја доживувате? Затоа што морате нешто да отфрлите.

Морате да ги отфрлите илузиите. Не морате ништо да додадете за да бидете среќни, морате да отфрлите.

Животот е едноставен, животот е прекрасен.Тежок е само поради вашите илузии, амбиции, вашата алчност, вашиот копнеж.

Знаете ли зошто тоа се случува? Затпа што се поистоветувате со разни етикети !

Anthony de Mello

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: