Никогаш, никогаш, никогаш не се откажувајте!

Британскиот премиер Винстон Черчил, бил повикан од универзитетот Кембриџ, да одржи мотивациски говор за студентите од тој универзитет. Деканот го најавил како најдобар говорник на денешницата, чии зборови можат да променат сечии живот.

Но, тој, се качил на говорницата, кажал само една реченица, слегол од истата и во тишина ја напуштил салата. Иако многумина биле разочарани со краткиот говор, дури подоцна ја сфатиле силата на неговата порака. Неговата реченица не била ништо ново, но, од устата на човекот кој ја создавал историјата, таа имала огромна моќ.

Никогаш, никогаш, никогаш не се откажувајте.

Како се чувствувавте, кога паднавте на испит? Како се чувствувавте, кога ве напуштил вашиот пријател? Како се чувствувавте, кога вашиот главен проект пропаднал? Што сте работеле потоа? Дали се повлековте во осаменост и се обидовте да ја зацелите тагата? Дали тоа искуство ве застана на патот по кој тргнавте?

Често некои, непредвидени негативни случки, потполно ќе не’ сменат. Ударот кој го добиваме, ќе не’ исфрли од рингот и ние најчесто се повлекуваме, почнуваме да живееме живот во офанзива и во бег.

И што потоа останува? Широко море на пораз.

Постои само една поделба на луѓето: оние кои одат понатаму и оние кои се откажуваат. Оние кои се откажуваат, го предаваат кормилото на својот брод, на управување на другите и ќе се вратат во својот разочарувачки живот.

Од друга страна има многу луѓе, кои проблемите и ударите, нема да ги уништат, туку ги прават уште по јаки. На секој пораз, тие одговараат со посилен труд, волја и залагање. Таквите, по некое време, ќе ја остварат својата цел и ќе тргнат напред.

За овие големи разлики, треба без престан да се зборува. Неминовно е, секој ден, да доаѓаат порази на многу подрачја во животот, но клучно прашање е, како ние кон нив се однесуваме? Што од нив учиме? Какви пораки ни праќаат? Какви потоа ќе излеземе?

И самата поговорка ни зборува, она што нема да не’ уништи, тоа ќе не’ направи појаки. Затоа е потребно, да се развиваат многу од вредностите што се скриени во нас, кои ќе не’ држат ‘цврсто’ на земјата, тогаш кога се’ ќе тргне лошо по нас.

Вербата сигурно мора да биде на прво место, бидејќи оној кој верува последен се откажува. Затоа не се помирувајте со ситуацијата во која ќе се најдете како губитник, туку барајте ја нејзината позитивна страна, покажете ја својата внатрешна сила и живејте поинаков живот.

Само тоа може да ве одведе во иднина, каква што посакувате. Бидете упорни!

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: