И во најголемата темнина, јас со срцето палам светлина

Ако поделиш радосна вест за себе, ќе речат се фалиш. Ако јавно се израдуваш на друг човек или на неговиот успех, ќе речат дека му се умилкуваш. И така притиснати од можни квалификации на дежурните критизери, неретко, го премолчуваме најдоброто за себе и за другите.

А јас ви велам- радувајте се. Себе си, на другите, на животот. Радоста е како прекинувач. Со неа се пали светлото и се тера темнината.

Велат: ‘Парата на пара оди’. Исто важи и за радоста. Собираш сила да се израдуваш на било што, на било кој, да го подржиш, прифатиш, да му помогнеш, се’ во тебе да се радува, со она што ти е најважно- тебе лично. А радување со себе, е блаженство од кое се’ добро произлегува. За тебе и за сите други.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: