Се’ доаѓа во вистинско време

Просечното човечко суштество има доволно предавства, омраза, бесмисленост и насилие за да се опреми било која војска во било која доба.

Најдобри убијци се оние кои проповедаат против убивањето, најдобро мразат оние кои проповедаат љубов, и, конечно, најдобро војуваат оние кои проповедаат мир.

Тие што го проповедаат бога, ним бог им треба, тие што проповедаат мир, мир во себе немаат, тие што проповедаат љубов, љубов не знаат да дадат.

Варди се од проповедниците, варди се од упатените. Варди се од оние кои постојано читаат од книги. Варди се од оние кои ја презираат сиромаштијата или се гордеат со неа; Варди се од оние кои се брзи со пофалбите бидејќи брзо ќе ти бараат назад пофалби за нив.

Варди се од оние кои лесно и набрзина осудуваат, тие се исплашени од она кое не го знаат. Варди се од оние кои постојано се приклучуваат кон мнозинството бидејќи се ништожни како сами. Варди се од просечен маж и од просечна жена, варди се од нивната љубов, таа е просечна и бара просечност. Но, постои генијалност во нивната омраза, доволно генијалност за да те убие тебе или било кого.

Не барајќи осаменост, не разбирајќи ја осаменоста, тие ќе се обидат да го уништат сето она кое е различно од нивниот светоглед. Неспособни да создаваат уметност, тие уметноста и не ја разбираат па својот неуспех како творци тие го припишуваат како неуспех на целиот свет.

Неспособни посветено да љубат, тие ќе веруваат дека твојата љубов е нецелосна и тогаш тие ќе те мразат и нивната омраза ќе биде совршена, како блескав дијамант, како нож, како планина, како тигар, како пелин – тоа е нивната најчиста уметност.

“Генијалноста на мноштвото“ – Чарлс Буковски

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading