За среќа се потребни ситници…Како прво- Љубов

Кога вашето срце е толку многу полно со љубов за некој, вистина е дека секогаш ќе го пронајдете својот пат еден до друг. Животот неизбежно ќе ве спои. Двајца, кои навистина се лудо заљубени, ќе пронајдат начин, да ја свртат својата судбина, бидејќи тоа е еден вид на моќ, која ја има нивната љубов.

Нивните одлуки, нивните дела ќе ги водат кај човекот кој го сакаат. Луѓето често се прашуваат за текот на нивниот живот и улогата на судбината; некои луѓе мислат дека некои работи се предодредени, а некои, дека едноставно не им е судено.

Тие веруваат, дека сите искуства низ која поминале биле предодредени и дека се’ е судбина. Половината од нас, сака да мисли дека животот е низа од настани, кои ги носи судбината, другата половина мисли, дека судбината е она што ние го правиме.

Ако воопшто постои таква работа, како што е судбина, тогаш за тоа може да се одлучува. Може да се искриви, сврти и да се промени, спрема нашите желби и напори. Некои веруваат, дека животот всушност е она што правиме.

Некои работи не можат да се контролираат, а другите се надвор од наша контрола. Некои само веруваат во силата на својата љубов.

Кога човек ќе се заљуби, мисли следно: врската која ја има со саканата личност е судена, бидејќи посакувал, со сето свое срце и душа, тоа да се случи. Така таа љубов, ја претвора во своја судбина.

Да се изгуби некој кој се сака, може да не’ наведе на размислување, за сите тие можности. Кога се бориме со ситуација, во која мораме да пуштиме некој, кој ни значи се’ на светот, мислиме на се’ што можеме да направиме, тоа да не се случи и се’ што може да се спречи, тоа да се случи.

Понекогаш, кога мораме да научиме, да ја пуштиме саканата личност, мора да сфатиме дека некои работи нема да се одвиваат во наша корист, без оглед на тоа колку се трудиме или колку тоа го посакуваме.

Слично на тоа, кога некој ќе си оди, се прашуваме, што или кого треба да го обвинуваме. Се обидуваме да избереме важна причина: дали во ѕвездите е напишано дека така ќе биде, дали е тоа наша судбина.

Но, ако вашето срце, е толку полно со љубов за некој, љубов каква никогаш не сте ја почувствувале, секогаш таа ќе го пронајде својот пат, за да стигнете еден до друг. Некако, од некоја причина, ќе и се вратите на таа личност. Животот неизбежно ќе ве спои.

Како што е таинствен и неверојатено огромен Свемирот, тој знае каде стоите во него и свесен е за вашите желби. Свемирот има намера да ве приближи до вашите соништа и точката во која конечно се среќавате и прифаќате.

Двајца кои се вистински лудо вљубени, ќе најдат начин да ја свртат својата судбина, бидејќи тоа е вид на моќ, која ја има нивната љубов. Тоа може да ја промени судбината. Нивните одлуки и нивните дела ќе ги однесат до личноста која ја сакаат. Празнината која се создава во нивните животи, поради отсутност на нивната сакана личност, ништо не може да ја пополни, па ќе се погрижи судбината, секогаш да бидат со таа личност или ќе умрат обидувајќи се.

На крајот, судбината ги води луѓето до места каде што сакаат да бидат, од длабочината на својата душа, а нивните сопствени дела ги носат таму каде што сакаат да одат.

Секогаш постои нешто, што можеби не можеме да контролираме, бидејќи сме само луѓе, можеби никогаш нема да добиеме она што бараме. Постојат луѓе на овој свет кои цел свој живот го поминуваат со отворена дупка, предизвикана од отсуството на саканата личност во неа.

Кога лудо се заљубуваме, доаѓаме до сознание дека љубовта е како сенка Божја. Таа не’ прати каде и да одиме низ нашите животи. Таа останува со нас, засекогаш. Каков и да е, животот на оној кој сака.

Работите можат да одат или не од она што планираме, но љубовта на љубовниците останува иста. Не сме сите доволно среќни, ако не бидеме сакани или ако не сме со личноста која ја сакаме, но, така учиме да живееме во нејзината отсутност. Учиме да живееме во мрак, без светло на љубовта.

Моќта на љубовта- Ошо

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: