Кога ќе ме погледнеш..

Дали чувствувате необјаслива ментална поврзаност со некој, дури и кога таа личност не е во близина? Дали чувствувате како можете да разговарате со неа, без користење на ниту еден збор?

Кога двајца луѓе имаат длабока телепатска врска, можат меѓусебно да се допрат еден до друг, иако колосални океани ги разделуваат. Можат да ја почувствуваат, меѓусебната присутност, било каде и во било кое време.

Човечкиот мозок е ремек- дело, способно да остварува чуда. Едно од човековите чуда е телепатија. Телепатијата и се опира на концептите на времето и просторот, овозможувајќи човечки контакт, без потреба за вербално соочување.

Ако ваквата врска ја делите со некој, сигурно ќе се сренете со некои знаци. Ќе добивате инстант вибрации, кога разговарате со некој. Таа личност, не мора да ги искаже своите позитивни и негативни чувства, за да откриете што чувствува кон вас.

Едноставно знаете што таа мисли, дури и ако тоа не го покажува отворено. Кога некој ваш близок лаже, едноставно тоа го знаете. Дури и ако упорно се обидува да ја сокрие вистината, неговите мисли ќе го предадат и конечно ќе се открие неискреноста.

Ако искрено сте заљубени во некој, можете да пловите во мислите на таа личност, а тој, тоа да не го знае. Дури и ако е зафатен-а, работејќи во канцеларија, можете да ја направите да биде заљубен-а само со тоа, што нежно ќе размислувате за неа.

Исто така можете и сексуално да ја разбудите со своите телепатски моќи. Таа за возврат, може тоа исто така, да го направи за вас. Ако вашиот партнер е во опасност, веднаш можете да добиете страшно чувство кое произлегува од вашиот ум.

Можеме да го почувствуваме страдањето и болката на нашите сакани, дури и ако тоа не можеме да го видиме со свои очи. Молчењето станува гласно и тешко кога сте со некој близок.

Кога сте заљубени во некој, постои тишина, преполна со љубов и приврзаност. Понекогаш оваа тишина е толку неодолива, што ве тера да и’ се доближете и да ја бакнувате со страствена љубов.

Чувствувате сигурност со некој кој ви е близок. Дури и ако сте заглавени во неприлика или опасна ситиација, чувствувате сигурност крај својот партнер. Тоа чувство може да се препише на телепатијата. Ве гушка со љубов и ве штити вас, од непосредни опасности и неволји.

Телепатската поврзаност помеѓу две личности не е ништо помалку од чудо. Ако човечкиот мозок е способен да направи таква работа, тогаш замислете што може да се постигне, кога луѓето ќе ја сфатат својата моќ и кога ќе ја разгорат својата ментална способност за поголемо добро. Бранот на љубовта и сочувство ќе ја преплави целата планета.

извор: Оaza znanja

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: