Душата се лечи кога сте меѓу добри луѓе

Не се плашете од болката, одете кон неа. Ако ја сочувате љубовта, болката постепено ќе престане.

Право да бидат среќни имаат оние, кои во секое делче од секундата, се подготвени да го жртвуваат задоволството и да ја сочуваат љубовта.

Без болка нема развој. Но, таа болка не треба да биде црна и мрачна, туку светла и блескава. Сфатете само една проста работа: Секое страдање е гаранција на вашата идна среќа. Што повеќе судбината ви праќа болка и искушенија, повеќе среќа ќе имате во иднина.

Низ милиони години еволуција, научивме како да трпиме физичка болка, но сеуште не научивме како да ја превладаме болката преку љубов. Тоа е истовремено и наука, уметност и задоволство.

С.Н.Лазарев – Дијалог со читателите

‘Дијагностика на кармата’

Leave a Reply

Up ↑

%d