Немој да ја повредиш и немој да ја менуваш, жената која ја сакаш

Постојат жени кои не паѓаат на комплименти, кои не веруваат на умилкувачки зборови..Постојат жени кои не гледаат интерес..Постојат жени кои веруваат во факти..

Жени кои живеат на маргините на животот, со светлина во срцето. Жени кои кога ќе се појават, осветлуваат се’ пред себе. Жени кои од вас, сакаат силна прегратка и цврста рака.

Жените на чии усни е секогаш насмевка, а страста вибрира во сите нејзини сетила. Жените кои ве посакуваат само вас, како кралици. Постојат жени кои веруваат дека ако имате исти соништа, сите врати се отворени за вас…

Постојат жени кои многу пати се повредени, но и понатаму имаат моќ да изберат. Жени кои веруваат во вредност..Вредност која не смеат никогаш да ја изгубат а тоа е достоинство.

Постојат жени кои имаат еден страв..Страв да не бидат обични. Постојат жени кои веруваат, дека сите желби можат да се остварат. Жени кои веруваат, дека сите сеќавања се сошиени во нејзината кожа.

Постојат жени кои имаат надеж, презир кон реалноста и храброст сето тоа да го променат..Жени кои веруваат дека животот е направен да сонуваме, направен за љубов. Жените кои веруваат дека и кога животот е суров кон нас, ние треба да му се насмевнуваме нему..

Жените кои знаат дека некои приказни кои живеат во нив, засекогаш ќе им носат болка и како такви ќе живеат во нив. Постојат жени кои живеат пополека и слободно, со тешкиот терет на животот…

Жените кои, кога е сив и тмурен денот, ги покажуваат сите бои кои ги имаат во себе…Жените кои кога се’ околу нас е несигурно и полно со сомнеж, носат сигурност..

Жените кои им се насмевнуваат на луѓето и секогаш се она што се…Никогаш не ги кријат своите слабости, не покажуваат поинаку од она што се, не се плашат да бидат несовршени..

Затоа што знаат дека нивната слабост и несовршеност ги прават единствени..Жените кои знаат дека совршенство не постои..

Жените кои знаат дека само лице кое се насмевнува е совршено.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: