Не можеме да видиме, она што го немаме во себе

Живееш неспокојно и ти се чини дека некој ти недостасува. Посакуваш да најдеш човек, за да сакаш и да бидеш среќен. Но, всушност, единствен човек, кој ти недостасува, тоа си Ти.

А кога ќе се најдеш во врска, таму како и отсекогаш недостасува еден човек. Ти. Имаш потреба за некои работи и чувствуваш недостаток на ова или она: во облека, автомобил, аксесоари. Всушност, ти имаш потреба да бидеш среќен, мислејќи дека можат да ти ја дадат работите. И во поседувањето на сите тие работи, исто така недостасува тој, кој ги поседува. Недостасуваш Ти.

Сонуваш дека му припаѓаш на општеството. На голема добра компанија, училиште или семејство. Но, ако мислиш дека среќата, тие ќе ти ја подарат, грешиш. Ако не си се нашол себе си, тогаш во општеството и понатаму ќе ти недостасува еден човек. Ти.

Всушност, единствен човек кој навистина ти недостасува- тоа си ти. Човекот кој може да ги реши сите твои проблеми- тоа си ти. Човекот кој е во состојба да најде решение, да те утеши, расположи и да му даде живост на твојот живот- тоа си исто така- ти.

Човекот кој може да се сака и да се полни со тоа сочувство – тоа си ти. Тоа не значи да бидеш сам, да немаш потреба за никој. Тоа значи, повеќе да не зависиш од надворешни фактори и твојот живот да почне, да ти се потчинува тебе.

И тогаш се појавува се’, што си посакувал, а не си можел да добиеш. Доаѓаат саканите. Се појавува друштво. Животот се менува кардинално, кога ќе престанеш на животот да му предлагаш форма и ти го формираш самостојно, бидејќи единствен човек кој може да донесе среќа во твојот живот- тоа си ти.

автор: Аглаја Детешиџе

Извор: sobiratelzvezd.ru

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: