Се наслушав разни мислења, се нагледав разни сценарија и секој пат, си повторувам, им благодарам на учителите.
Како еднаш навистина, засекогаш, да му кажеш на некој; ‘Не ме интересира твоето мислење’ а при тоа да не почувствуваш непријатност?
Едноставно е, така што ќе го набљудувате животот, на тој некој, кој ви го сервира своето мислење! Денес сум свесна, дека во еден дел од животот, сите се фаќаме во вителот на некакви наметнати и ненаметнати ставови, важни и помалку важни, туѓи мислења и во морето ‘од се’ помалку’, човекот почнува да ‘пребира’ по сите тие понудени одговори.
Го освестив фактот, дека поентата во уважување на било кое мислење, значи, дека треба да се биде со отворен ум, бидејќи можно е некој да ви укаже на други избори, што не значи секогаш, дека нечија најдобра намера, е вистинскиот пат за вас.
Но, како навистина, еднаш засекогаш да се каже на некој’ не ме интересира твоето мислење’, а при тоа да не почувствувате непријатност или било каква друга нелагода?
Едноставно е, туѓото мислење ќе го ставите на вага, целиот живот, на тој што ви ‘соли памет’, дали може, тој некој, да ви дава совети…Тоа ви е најдобар компас, чие мислење треба да уважувате.
Кога некој ви е пример, за она што зборува, тогаш на таа личност можете да и заблагодарите на мислењето или сугестијата..се’ друго е само наметнување на свои ставови за тоа, како вие нешто треба да направите.
И тогаш кога сте во ситуација, на својата животна раскрсница, повторно слушајте се само себе, своето срце, почесто, отколку главата, бидејќи, главата секогаш е во страв, додека срцето само сака.
И така срцето докажува, дека кога во нешто веруваме, искрено сакаме, сите стравови, со некое чудо исчезнуваат и секој ‘семафор’ на нашиот животен пат е со зелена боја.. Наше е да возиме право по патот на срцето.
Оставете ги туѓите мислења, живејте во својата кожа, а не во туѓите очи. Единствената верзија која треба да ја живеете, е онаа која сами ќе ја создадете. Верувајте ми на збор и ќе биде многу убаво.
Зоја
Leave a Reply