Убавината на животот е кога си свој, кога имаш свој пат и луѓе кои ги сакаш

Животот е патување во воз.

Луѓето влегуваат и излегуваат. Некогаш, кога возот ќе застане, знаат да се случат изненадувања.Човекот доживува среќни моменти, но има и незгоди, несреќи и жалости.

Со раѓањето, се качуваме во возот и ќе сретнеме луѓе, за кои мислиме дека ќе не’ пратат во текот на целото наше патување. На пример, нашите родители..За жал, вистината е сосем поинаква. Кога- тогаш тие ќе слезат од возот и ќе не’ остават без својата љубов, својата наклоност, нежност, без свое пријателство и свое друштво.

Меѓутоа, во возот ќе влезат и други луѓе кои ќе ни бидат многу важни. Тоа се нашите браќа и сестри, нашите пријатели и луѓе кои ги среќаваме и кои ќе ги засакаме за цел живот.

Многумина кои влегуваат, на патувањето гледаат како на кратка прошетка. Другите пак, на своето возење низ животот, наоѓаат само жалост и тага. Но, има и оние кои во возот, се секогаш тука, да им помогнат, на оние на кои им треба помош.

Многумина по своето слегување, оставаат зад себе траен копнеж. Многумина, со голема брзина влегуваат во неволја. Многумина влегуваат и слегуваат, а не сме приметиле.

Чудо е што многу патници, кои ни се најдраги, се некаде во друг вагон. Не’ оставаат сами. Секако, дека ќе се обидеме да се сместиме во нивниот вагон. Меѓутоа, за жал, не можеме да седнеме покрај нив. Местото е зафатено.

И таков е животот. Преполн со предизвици, соништа, мечти, надевања, преполн со состаноци и разделби, без повторна средба. И никогаш тие моменти нема да се вратат.

Да се обидеме од своето патување низ животот, да го направиме најдобро што можеме. Да се обидеме со сите луѓе во возот да бидеме во мир. Да се обидеме, да го видиме најдоброто што е во нив. Да се сетиме дека на секоја раскрсница од животниот колосек, некој од сопатниците може да се ‘лизне’ и треба наше разбирање и симпатии. И ние можеби понекогаш ќе се ‘лизнеме’ од колосекот. И веруваме дека ќе се најде некој да не’ разбере.

И најголемата мистерија на патувањето, е што не знаеме кога конечно ќе слеземе од возот. Исто така, не знаеме ни кога сопатниците ќе слезат. Па, ни за оние кои седат до нас. Ќе биде многу тажено и жално, кога ќе морам да слезам засекогаш од возот.

Верувам дека многу ќе боли разделбата со некои пријатели, кои ги сретнав за време на патувањето и кои ми станаа драги. Многу ќе ме натажи што морам да ги оставам своите деца сами.

Меѓутоа, имам надеж дека ќе дојдам и на главната станица.Тогаш ќе видам како сите пристигаат, со својот багаж, кој го немаа при влегувањето во возот. Тоа многу ќе ме радува. Ќе ме израдува фактот и помислата дека им помогнав да го зголемат својот багаж, дека во нив ставив вистински содржини.

Се трудиме и настојуваме да имаме среќно патување и на крајот секоја мака се исплаќа. Наше е при слегувањето од возот, да го оставиме празното седиште, кое буди во другите патници, што го продолжуваат патувањето, копнеж и убави и пријатни сеќавања.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading