Во светот на жалби и поплаки

Кога светот е обвиткан во сивилото на секојдневното жалење и поплаки, што останува за оние кои се внатрешно инволвирани. Зарем треба да постои еден мал егзорцизам кон самиот себе, за некако да се најдат сили и да се излезе од таа дупка на жалби и поплаки.
Ама бараме во се’ , да има причина, да ни е тешко.

Алооооо… Зарем мислите, дека ако му плачете на некого ќе ви олесни. Зарем ако застанете онака, со наведната глава, некој ќе ви пријде и ќе праша дали сте во ред или дали ви треба помош..
Е тоа никогаш, ама никогаш нема да го доживете . А зошто и би..


Стани си наутро , замисли си дека е се’ убаво и започни го денот баш онака како што треба.. без она почетно ‘Уф, ме боли ова, или ќе види оној/онаа’…
Не е борбата, за да се пожалиш…борбата е за да ти биде денот прекрасен..
Колку ти ќе успееш во тоа, е само твоја борба, за ти самиот да си го дадеш позитивниот фидбек на крајот од денот.


Еве седам сама.. ги пијам моето кафе..пред мене полни маси. Не се трудам да го чујам нивниот меѓусебен разговор. Но, доволно е со еден поглед, да се види нивниот говор на тело, дека нешто ги издава за нивните поплаки.

Седнати еден наспроти друг..не, туку се гледаат во очи, само наведната глава, и цупкање во место нервозно со едната нога- знаеш дека е поплака.. уффф бре, свету кај забега. Дали она што се случува, е нормално…па дај, не ја прифаќајте нормалата..Пружете раце кон Вашата имагинација и уживајте во моментот, на каков таков авантуризам, вашиот живот да биде поубав. Имагинарен не…туку футуристички, за да станете сами на себе интересни.


И да, тогаш ќе се почувствувате живи одвнатре, ќе станете дел од самиот себе, кој ви недостасувал, кој сте го барале во некое загубено место, кај некого што мислевте дека тој/таа ќе може да ви помогне.

Е па, сега дајте си шанса себе си, не на другите. Зошто, истите тие ќе ве закопаат со својот цинизам, сожалување и ќе ве наведат да се почувствувате пониско, од тоа како во моментот се чувствувате.
Ако им ја дадете таа можност, ќе бидете помножени со нула и знајте дека, не само што не вредите, туку се ставате во ништожноста на овој свет преполн со жалби и поплаки.


Кутијата се преполнува, префрлува и само се чека, кога ќе ве издаде и ќе ве изеде фактот, дека ама баш воопшто не вредите.
Ако вие сте свесни за тој факт и го дозволувате тоа, значи самите се множите со нула и станувате никој и ништо.
Вреди ли? Размислете… М

Наташа Т

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: