Немој да дозволиш ниту еден ден да ти биде помалку вреден, да сметаш дека во него нема простор и можност да се случи нешто многу убаво и важно. Ниту еден ден немој да го потцениш, зборувајќи дека не е важен во твојот живот, бидејќи сите тие се делчиња од мозаикот кои создаваат грандиозно здание, кое по некое време можеш да го разбереш.
Секој ден во твојот живот е најважен, бидејќи во секој ден можеш да го почувствуваш она најдлабоко чувство, кое ти ја дава љубовта или близината на некоја драга личност, која ти дава сознание дека на некој, животот си му го направил подобар или за чекор си го доближал до остварувањето на своите соништа. Во секој ден треба да се бориш против своите најголеми непријатели. Било тоа да се твои стравови, сомнежи, несигурност, недостаток на трпение или било што друго што те спречува да живееш достоинствен и квалитетен живот.
Нема најважен ден во твојот живот, секој ден е авантура за себе, приказна која само ти можеш да ја раскажеш и да ја направиш незаборавна.
Немој луѓето да те натераат да помислиш дека тие се главни актери во твојата приказна, па околу нив да почнеш да ги вртиш своите размислувања, да обликуваш ставови, да се воздржуваш од чувства. Раскажувај ја својата приказна како што ќе ти дојде, од срце, зборувај онака без да се каеш за ниту едно свое дело, туку со гордост да застанеш позади се’ и да кажеш: Тоа е мојот живот.
Секој ден од твојот живот е најважен, бидејќи во секој ден можеш да бидеш човек со своите добри но и лоши работи, сфаќајќи дека е совршенство да ја прифатиш својата единственост и да го извлечеш од неа она најдобро. Немој да се вртиш по деновите кои ги потроши, ниту да гледаш во оние кои се пред тебе, туку живеј го овој денешен ден, не барајќи потврда од некој друг, што треба да направиш со него.
Кога секој ден ќе почнеш да го гледаш како најважен, тој тоа навистина и ќе стане и ти ќе уживаш во секој од нив.
Leave a Reply