Додека ја чекаш големата среќа, пропушташ многу мали

Не е важно што помина до сега, ни колку удари си добил, важно е каква личност си станал, по сите тие животни турбуленции.

Можеш сега да му се заблагодариш на оние кои те одбиле, мислејќи дека си ‘ситен’ за нив, дека се тие ‘поголема’ класа. За сите затворени врати што ги помина и денот кога откри, што те направи човек каков што си денес.

Денес нека почне конечно, најдобриот дел од твојот живот. Одлуките кои денес ќе ги донесеш, нека не бидат само некои насоки, визии, идеи како треба да изгледа твојот живот, туку твојата вистинска иднина.

Не ги носи наеднаш, не ги носи, без добро да размислиш, бидејќи многу пати си почувствувал на своја кожа, како некои грешки не можат да се поправат и мораш да научиш, со нивните последици да живеш.

Човекот може секогаш, по нешто да жали, но, најлошите жалења се пропуштените прилики, а остатокот од животот, всушност е една голема прилика и дар. Немој да ја занемаруваш, немој да ја гушиш.

Сите патишта кон просперитет започнуваат со првиот чекор, кој е и мал и голем. Немој многу да размислуваш, ако во твоето срце веќе има некој план. Само тргни, не прашувај се зошто не си тргнал порано, туку само чекори право, а остатокот од животот ќе ти биде благодарен.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: