Ти благодарам и кога ме навредуваш!

Многу луѓе живеат заробени во минатото, со константно болно сеќавање, на неправдата која им е нанесена, што им ја намалува можноста да бидат среќни, а ја зголемува можноста, да почнат да мразат.

Многумина доживуваат, да бидат повредени од некој, на кој му веруваат, кого го сакаат и почитуваат, кои го сметаат за пријател. Тие повреди сигурно не се пријатни и безболни. Тие го ‘гризат’ човекот и не му овозможуваат да живее квалитетен живот, живот во мир со себе и околината.

Единствен вистински пат кон среќата и внатрешното задоволство е патот на простувањето. Вистина е, дека тешко се следат примерите на големите луѓе, кои им простувале на своите непријатели на посебен начин, како Исус.

Често луѓето, не се подготвени да простат од алтруистички причини, но, секој поседува сила да го пронајде патот на простувањето поради себе самиот. Секој може да одлучи да прости, за да си го олесни животот, за да спречи појава на болести, поради емоционалното страдање и себе си, да си обезбеди пат кон среќата.

Многумина го искусиле страдањето, поради прекин на некој однос, за кој биле уверени, дека ќе трае вечно или го почувствувале страдањето поради заминување на драги луѓе. Но, многу од нас забораваат дека минливоста е составен дел од животот.

Се’ се менува, па и самиот човек, а потребата да се задржи постоечката состојба, без развој и однос кон страдањето е погубно. Секој има можност да одлучи дали ќе дозволи, болката и повредувањето да го ‘гризе’, да го трујат мислите и чувствата и да го однесат на патот на омразата или ќе се одлучи за потешкиот пат, патот на простувањето, кое доведува до животна благосостојба.

Кој ќе дозволи омразата да завладее со него, таа ќе делува на него, како некоја тешка болест. На крајот, омразата не го погодува никој друг, освен оној кој мрази.

Погрешно е да се мисли, дека патот на простувањето е лесен и едноставен пат. Со простувањето, човекот се простува од лутината, бесот и осветата, што не отвора можност за нови повреди и разочарувања. Со лутината и осветата, луѓето само привидно се штитат од нови разочарувања, бидејќи оптеретувајќи се со други негатовни емоции, произведуваат нови разочарувања; лутината и осветата, ја замаглуваат реалноста и водат кон патот на незадоволството.

Простувањето не е момент, не е еден настан, туку процес кој бара време, трпение и голема сила. Многу од нас тешко простуваат, бидејќи нормалната човечка реакција на повреда е освета- сакаат да возвратат со иста мера, бидејќи се лути и разочарани, сакаат да ги ‘израмнат сметките’.

Осветата буди задоволство- точно, но тоа многу кратко трае. Осветата ја одзема убавината на живеењето; таа, луѓето ги прави робови и никогаш не ги лечи раните, туку уште повеќе ги продлабочува.

Кој со омраза зборува за другите, тоа многу зборува за самиот човек. Омразата не е само чувство и емоција- таа е девијација на умот и психата, пат кон болеста. Некои тешко простуваат, бидејќи се оптеретени со мисла, дали луѓето кои ги повредиле ќе добијат тоа што го заслужиле.

Но, често се заборава дека животот ќе се погрижи, секој да добие според заслугите, бидејќи оние кои прават зло и често ги повредуваат другите луѓе, живеат во својот личен пекол на незадоволство. Да не се прости, значи да се предизвика болка, на самиот себе, секој пат кога човекот ќе се сети на ситуацијата во која бил повреден, држејќи ја на тој начин во живот сета болка која еднаш веќе ја проживеал.

Да се прости значи да се биде чесен кон себе, да се избере слобода, наместо ропство. Меѓутоа, да се прости, не значи и да се заборави. Со простувањето, сеќавањето останува, но тоа повеќе не е болно и не владее со нашите мисли и емоции.

Некои болки се преголеми и не може, секој со нив да се носи, па често го чуваме во фиоката на заборавот. А заборавот може да биде опасен, бидејќи не овозможува вистинско простување.

Простувањето не значи одржување на добри односи со личноста која не’ повредила. Не значи ниту оправдување на постапките на човекот, кој не’ повредил. Простувањето значи, да се биде свесен за направената болка, која повеќе не е пратена со лутина и потребата за освета, со фактот дека тоа што е направено, не е морално и не е во ред.

Да си простите себе си пак, е многу потежок пат полн со предизвици, бидејќи за тоа треба голема храброст. Храброст, затоа што секој мора да признае дека згрешил, дека на некој и на самиот себе, си нанел зло.

Како да се прости? Некои не сакаат, ни себе си, ни на другите да им ја признаат болката, која ја чувствуваат. Некои ја негираат болката од гордост, а други, бидејќи се плашат да ја признаат омразата кон личноста која ги повредила.

За да прости човек, најпрво треба себе да си признае, дека е повреден и да дозволи да ја почувствува болката. За да прости човек, да се реши од омразата и болката, ситуацијата и личноста на која треба да и’ се прости, треба да се гледа со други очи и да се согледа во поширок контекст.

Во процесот на простувањето, постепено се разбира и подлабоката вистина, која до тогаш ја заслепуваше омразата. Полесно е да се прости, ако се обидете да разберете, барем мал дел, од она што човекот го натерало да го повреди другиот.

Простувањето е против отров. Дека човекот дошол на патот на простувањето, ќе знае, ако почувствува и најмала искра, да му посака на човекот кој го повредил, среќа во животот.

За простувањето е потребно многу време, тоа не оди лесно. Што повеќе сте повредени, тоа е потребно повеќе време за простување. Со простувањето на другите, всушност се победуваш самиот себе.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: