Не можете да се вратите назад и да го смените почетокот

Во некоја фаза од животот треба да се повлече црта. Цртата треба да ви каже, дека е време некои работи да се променат и нема да бидат како порано.

Таа црта треба сериозно да се сфати, во спротивно нема ништо смисла. Ако е несериозно, ќе се носат одлуки, кои никогаш нема да се спроведат во дело.

Затоа направи црта! Одлучи дека негативни луѓе не ти требаат во животот. И негативните мисли кои ги имаш во главата, ти се вишок, па уште во комбинација со негативните луѓе, резултатот е пораз.

Не допуштај нечии фрустрации да го обликуваат твојот ден. Најди благодарни луѓе, кои го почитуваат животот, а не оние кои на секој проблем веднаш се жалат.

Сфати дека си господар на своите мисли, а не обратно. Ако одлучиш да градиш подобра иднина, ќе се свртиш кон позитивните мисли, но ако одлучиш да се закопаш во место, доволно е да се препуштиш на негативните мисли.

Одлучи и дека нема да се занимаваш со изговори. Изговорите се тивки убијци на твојата подобра иднина, бидејќи секогаш ќе се најде причина, зошто некои добри и позитивни работи би требало да се случат покасно, отколку сега.

Наместо изговорите да ја кројат твојата иднината, прекрои ги ти. Одлучи дека нема да размислуваш за туѓите очекувања. Зошто секогаш размислуваш, што другите ќе помислат или ќе кажат на некој твој нов план? Дали не можеш да го спроведеш во дело, без непотребно да се замараш со туѓи очекувања?

Тие очекувања постојат само во твојата глава, бидејќи кога на луѓето ќе им ги кажеш своите планови, ќе видиш дека нив, нивниот живот им е на прво место, а не твојот.

Сврти се кон себе, бидејќи го живееш животот по свои желби и потреби, а не од туѓи. Одлучи се, дека нема да се занимаваш со своите стравови. Навистина не е лесна таа одлука, но еднаш и тоа подрачје треба да почнеш да го чистиш.

Зошто стравот е така силен? Бидејќи ние му придаваме голема моќ, во своите мисли, постојано се занимаваме со нив. Кажи си, себе си, дека немаш време за своите стравови – своето време ќе го трошиш за попаметни работи.

Битката со стравовите важно треба да почне, а еднаш ќе им дојде крајот, ако бидеш доволно упорен и силен.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: