Една човечка мисла може да го смени текот и правецот на целиот Космос

Ова е генијална мисла на Никола Тесла, но ние сме уште мали, тој принцип да го разбереме, кога е во прашање целиот Космос, но јас сведочам, дека нечии личен Космос, можете да го промените само затоа што сте му дале, кога тоа било најпотребно: неколку важни сугестии и пофалби, мотивации или подршка од срце, искрено и без ласкање.

Кажете им на другите дека верувате во нив. Пофалете го нивниот талент или особина. Нечии живот, може така целосно да се сврти. На некој му недостасува, една капка да се скрши целосно, а вие во тој момент безусловно му давате љубов.

Се надевам дека сега подобро го објаснив значењето и моќта на зборовите. Зборовите упатени кон другите се како меч. Можете да ги исечете за цел живот, да им направите, такви емоционални лузни и да ги убиете во поим, од кои никогаш не ќе можат да се опорават. За цела среќа постои обратен смер. Може да се случи да го ‘кренете’ човекот со неколку реченици.

Но, морате да бидете свесни, дека тоа мора да излезе со чиста намера од длабочината на вашето срце. Дури тогаш тоа ќе има чудотворно делување. Молете го Господ, да ви даде сила и мудрост кога нешто важно треба да направите. Направете го вие, тој прв чекор кон нив.

Не ги чекајте другите да делуваат, делувајте вие. Ќе ви се врати. Космосот нема да остане рамнодушен кон вашиот чин. Сите сили ќе се активираат, за да ви помогнат.

Има една стара изрека која вели: ‘Силните луѓе не ги спуштаат луѓето долу, тие ги креваат горе’. Бидете вие тој силниот. Јас прво не верував, дека такво нешто е можно, но со тек на време, знаев дека сум на прав пат: -‘Ти ми го промени животот’. – ‘Ти ме освести дека навистина вредам’. -‘Ти веруваше во мене кога никој не веруваше’.

А јас си мислам во себе: Не сум јас, зборовите, кои некој вас ви ги кажал се моќни. Вие сами ја прифативте мојата сугестија како автосугестија и вие сами направивте да ви биде подобро. Затоа и ви зборувам и повторувам. Не е до мене. Мислите се моќни зборови. Искрената намера е моќна.

Тесла бил во право. Затоа уште еднаш ве молам. Внимавајте што зборувате и како им се обраќате на другите.

Никола Захариев

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: