Минатото е во твојата глава, иднината- во твоите раце

Каде е твојот извор на сила? Одвнатре или однадвор? Дали твојата сила е во твојот интегритет, твоето доследно стоење зад своите зборови, трпение со кое нема да се откажеш од целите, кои ги постави колку и да ти е тешко.

Ако е твојата сила во едноставноста- ќе ги освојуваш луѓето брзо, скромност- нема да ги трупаш завидливите непријатели, љубезност- тогаш секој човек убаво ќе се чувствува во твоја близина и ќе посакува почесто да биде.

Одговорен си за изворот на сила, кој го зајакнуваш, бидејќи тој одлучува, она што во животот ќе бидеш и како ќе се чувствуваш. Она што навистина во животот ќе станеш, не е ништо друго туку последица на негување на одреден извор; било надворешен, било внатрешен.

Колку и да ти се чини дека едниот и другиот извор се подеднакво важни, сепак постои приоритет кој не смееш да го занемариш. Погледни ги луѓето, на кои им се восхитуваш, не само како луѓе кои изгледаат среќно и успешно, туку и луѓе какви што се навистина. Можеш да го негуваш својот изглед и надворешност, но не заборави дека твојот живот ќе го одреди, она што е во тебе, она што сам си го поставил како темел.

Врз основа на таа надворешност, можеш некое време некој да го измамиш, но на крајот ќе го покажеш своето право лице, она внатрешното кое го градеше или разградуваше. Се’ што ти треба е секој ден, малку да застанеш и да погледнеш во себе и да додаваш она што ти недостасува или да исфрлиш она што те труе.

Друг пат не постои!

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: