Оној кој им помага на другите, прави добро за себе

Обидете се да го укротите своето его. Внимавајте сами на себе и секој пат, кога ќе сфатите како упорно ја изговарате заменката ‘Јас’, донесете одлука дека ќе се одалечите од неа.

Што повеќе се одвојувате од постојаното повторување на ‘Јас’, ќе почувствувате повеќе лична слобода. Забележете колку пати можете денес да ја започнете реченицата со ‘Ти’, што е подобро од ‘Јас’!

Наместо да се фокусирате само на себе, обидете се да се распрашате и за другата личност. Една работа која треба да ја запомнете, е да се ослободите од потребата за своја репутација. Има една сјајна реченица, од која можете многу да научите во животот, запомнете ја и повторувајте ја во себе кога некој ве критикува.

Таа гласи:’Она што мислите за мене, не е моја работа’. Не ме интересира што сите непрестано мислат за тоа или се обземени со мене.

Исто така, имаме потреба да бидеме во право. Зборував повеќе години наназад, дека кога имате избор- да се биде во право или да се биде љубезен, секогаш бидете љубезни. Изберете ја таа опција. Кога ќе ги видите луѓето, дека сакаат да ве победат со аргументи, за да го окриват некој друг, тоа најчесто се гледа во љубовните врски, ако можете тогаш, да се застанете, бидејќи со намера сте некого да обвините, вие кажете: ‘Што би било убаво сега да се каже? ‘Што можам да кажам, за мојот соговрник да се чувствува подобро?

Да победуваме или да бидеме во право е нешто, во што Егото е сигурно. Она што не’ учи Егото е, дека сите човечки суштества имаат спиритуално искуство. Вистина е дека сме духовни битија кои имаат човечко искуство.

Потсетете се себе си на тоа дека вашата суштина, е во светот на спиритуалноста. Како што Исус зборува:’Душата ни дава живот, без неа нашето тело не значи ништо. Тоа е Его.

Dr.Wayne Dyer

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: