Направи си услуга. Биди добра кон себе!

Не го живеј животот кој му припаѓа на другите. Ова е твој пат. Дојде на овој свет сама и сама ќе го напуштиш. Ти се познаваш подобро од било кој друг.

И затоа, направи се себе си горда. Направи си услуга. Биди добра кон себе. Кон своите желби и потреби. И живеј го животот, за кој си создадена. Без двоумење. Без изговори. И не се правдај, кога треба да направиш нешто за себе. И не се чувствувај лошо поради тоа.

А не треба. Не треба да се правдаш за работи кои те прават среќна. На крајот од денот, треба да бидеме задоволни од она што сме направиле за нас. Најдоброто за нас. Без оглед на чудните погледи и трачеви. Треба да престанеме да се правдаме, затоа што сме такви какви што сме- свои.

Затоа што сами на себе си, си даваме прилики. И затоа, престани да се правдаш за секоја, па и најмала работа. Престани за миг да се сомневаш во себе. Вредиш повеќе отколку што мислиш. Затоа, одврзи се и тргни веќе еднаш да правиш она што отсекогаш го посакуваше. Она, што од секогаш го сонуваше.

Тргнувај! Живеј го животот кој отсекогаш го сакаше. И затоа, направи се себе си горда. Направи си услуга. Биди добра кон себе. Кон своите желби и потреби. И живеј живот за кој си создадена. Без двоумење. Без изговори.

Немој да застанеш кога некој ќе каже дека треба да бидеш внимателна. Не се двоуми, кога луѓето ги исмејуваат твоите соништа. Не се откажувај кога со чудење и презир гледаат во тебе. Покажи храброст да го живееш својот живот, најдобро што можеш.

Гледај, како ги остваруваш работите за кои не мислеше дека се можни. Гледај како леташ се’ повеќе и повеќе. И немој никогаш повеќе на никој да му се правдаш, бидејќи правиш нешто за себе.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: