Оние кои ја убиваа твојата самодоверба, те научија, да побараш подршка во себе

На почетокот си мислиш:- ‘Копиле, како можеше?!’ Зошто воопшто се појави во мојот живот? Кој те повика? Кој побара, да уништиш се’, на што се навикнав, вклучувајќи ме и мене самата?’

Го мразиш, со сето свое срце и го проколнуваш, со сите зборови, на кои можеш да се сетиш.

Но, вистината е друга…Ти, всушност, се мразиш себе си, бидејќи отсекогаш знаеше, а не сакаше да поверуваш во неговата Не љубов. Знаеше, само преку болка и преку ‘не можам’ како се градат односите. И ти, прифати така да си градиш..со еден, со друг, со трет..а секој пат, добиваш ист одговор:

-‘Не можам да ти дадам она што посакуваш’…

или уште по страшно, ни збор, просто, тивко, ќе те остават и ќе заминат…поради друга жена или друг живот.

Кога престана да го залажуваш своето срце, се изгуби и омразата. Не се лутиш повеќе. Ти си благодарна. Ти си длабоко и искрено благодарна, на секој кој на тој начин те гушкаше, што го изгуби местото, кое првобитно му припаѓаше.

Во тоа време, кога беше ‘слепа и глува’, секој од твоите бивши мажи, те водеше всушност, до Твојата Единствност. Тие со својата НЕ љубов покажаа, дека ти не се сакаш самата себе.

Со замерки и мачни барања, те учеа, како себе си да се прифатиш безусловно. Со тоа што се сомневаа во тебе, те примораа, да веруваш во себе. Не давајќи ти подршка и засолниште, те научија, да бидеш самостојна. Убивајќи ја твојата самодоверба, те научија, да побараш подршка во себе. Обезвреднувајќи ги твоите дела и достигнувања, те научија, дека во било какви околности, не губиш ништо од себе.

Со тоа што не ја планираа иднината со тебе, те натераа да се занимаваш со својата иднина. И денес си им благодарна. Од срце. Затоа што не се покрај тебе. Што беа помудри и поосетливи од тебе и не зедоа, она што не им беше предодредено.

Сами, или со помош на околностите, но, не се случи. И некаде, на крајот, тебе те чека она вистинското.

Лилија Ахремчик

Извор: econet.ru

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: