Чувајте се себе си

За да ги ослободиш потенцијалите на својот ум, тело и душа, мораш прво да ја збогатиш својата фантазија. Види, работите секогаш се обликуваат два пати: прво во работилницата на умот, а потоа и во стварноста.

Се’ што ќе создадеш во својот надворешен свет, има зачеток во внатрешниот свет на многу сликовит екран. Кога ќе научуш да ги контролираш своите мисли и фантазијата, се’ што на овој свет ќе посакаш во потполност, твојот неискористен потенцијал ќе го разбуди во тебе.

Ќе почнеш да ја ослободуваш вистинската сила на умот, за да ја создадеш онаа врста на волшебен живот, која верувам дека ја заслужуваш.

Почнувајќи од денес, заборави на минатото. Осмели се и почни да мислиш за себе како за нешто поголемо, што е збир на твоите моментални околности. Очекувај најдобро. Ќе бидеш изненаден од резултатите.

Осмели се да ја избришеш прашината од своите соништа. Почни повторно да го почитуваш животот и да ги славиш сите негови чуда. Разбуди ја моќта на својот ум, за да влијаеш на тоа работите да почнат да се случуваат.

Еднаш кога ќе успееш во тоа, светот ќе се здружи со тебе, за да правиш чуда во твојот живот.

Робин Шарма

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: