Го заслужуваш, оној кој ќе ти докаже колку си единствена, посебна и благословена жена

Јас не заслужувам да го слушнам зборот ‘Можеби’.

Тоа никој не го заслужува. Бидејќи ‘Можеби’ не е одговор. Никој не заслужува да го чуе звукот на досадата, на личноста од другата страна на линијата, без да се прашаа како му поминал денот. Никој не заслужува чекање, бидејќи со денови не се јавува Тој. Никој не заслужува да биде со некој, кој во потполност не се залага, за некому да му го разубави денот.

Никој не заслужува да чувствува осаменост, додека е во врска со некој. И никој не заслужува неговиот труд, да не се почитува, а другата страна да не забележува тоа.

Никој не заслужува да го слушне зборот ‘Можеби’. Не сакам повеќе да слушнам како ми зборуваш: ‘Ќе размислам за тоа’, односно ”Можеби’. Не сакам со воодушевување да ти зборувам за случувања кои наскоро ќе се случат, а ти да ме гледаш со гадење.

Не сакам моите чувства да ги повлекуваш кон долу, а воедно да градиш се’ повеќе и повеќе ѕидови меѓу нас. Доста ми е, луѓето да ме газат и да се однесуваат кон мене како кон парче месо. Доста ми е да ме потценуваш и со мене да се поигруваш.

Јас не сум празна кукла, јас сум жена- тажна жена, но само овој момент. Заслужувам гушкања на кои им нема крај, заслужувам бакнежи кои го застануваат времето, заслужувам воодушевено да изговориш ‘да’- и толку голема насмевка, која нема да ја тргнам од лицето со денови.

Сите заслужуваме повеќе само од обично ‘Можеби’. Сите заслужуваме разговори поради кои нашето тело ќе трепери од страст. И ручек кој со часови ќе трае. Заслужуваме ноќни долги разговори, поради кои нашите срца ќе светат во мракот.

Јас заслужувам повеќе. Сите заслужуваме повеќе.

Заслужувам во својот живот луѓе кои за мене ќе се грижат. Кои сакаат да ми го променат животот, да станам најдобра своја верзија. Оние кои ми ја допираат душата и кои посакуваат да ме гледаат како светам.

Заслужуваме се’ подобро од она што мислиме.

Ти која ова го читаш заслужуваш се’ најдобро. Не треба на некој да му е сеедно, што си покрај него или да се однесува како да не постоиш. Ти…да Ти- ги заслужуваш сите одговори на овој свет. Ги заслужуваш најдобрите луѓе околу себе. Го заслужуваш, оној кој ќе ти докаже колку си единствена, посебна и благословена жена.

Јас заслужувам повеќе. Сите заслужуваме повеќе.

извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: