Оние луѓе кои ги сметаме за јаки, како што другите најчесто ги доживуваат, имаат всушност само поинаков пристап кон секојдневниот живот и поинакво гледање на светот околу нив. И тоа е она што ги прави поинакви, како и целиот нивен живот.
Луѓето исполнети со внатрешен мир исто така доживуваат непредвидливи и непријатни моменти во животот. Разликата е во тоа што тие нема да седат и набљудуваат како животот си поигрува или дека е некоја борба, туку ќе ја прифатат таа ситуација, токму каква што е во моментот.
Нема другите да ги обвинуваат за работи кои им се случуваат или околности кои ќе ги затекнат, туку ќе ја превземат одговорноста за својот живот. Со тој чин секако стекнуваат моќ и контрола, над животните ситуации кои им се случуваат. Исто така, секогаш со задоволство ќе се сеќаваат на убавите моменти во својот живот, отколку да им посветуваат внимание на негативностите кои повремено ги зафаќаат.
Исто така, стабилните луѓе не дозволуваат некој друг да има моќ над нив, бидејќи ја знаат својата вредност. Не попуштаат при провокации на другите луѓе и не се спуштаат на нивно ниво во некои беспотребни расправии. Сфаќаат дека имаат право на избор на емоции, реакции и бираат она што е најдобро и најповолно во некој момент за нив.
Затоа се чинат и појаки, бидејќи мислиме дека се имуни на се’. Всушност не се имуни, но не дозволуваат да бидат испровоцирани со неважни работи, кои немаат некое значење во нивните животи.
Духовно и емотивно силните луѓе, исто така сакаат и промени и не се плашат од нив. Некои луѓе бираат да живеат во опкружување кое не им одговара, но им е познато, одбивајќи да зачекорат на патот на промената бидејќи кој знае што таа ќе донесе. Емотивно стабилните луѓе знаат дека промената можат да ја креираат сами.
И не се плашат да паднат и повторно да се креваат. За силните луѓе, киксот не преставува откажување, туку нова мотивација за уште покреативна акција на нешто што посакуваат. Луѓето кои се сакаат самите себе, немаат потреба да ги задоволуваат сите туѓи барања, желби, бидејќи знаат дека за тоа не се создадени.
Не се плашат да го кажат магичниот збор НЕ, тогаш кога ќе затреба. Не дозволуваат да ги искористуваат и го почитуваат своето време, но секако и туѓото. Сакаат да помогнат, но кога ќе видат дека тоа почнува да се граничи со класично искористување без жалење, тргнуваат по свој пат.
Луѓето кои го почитуваат својот внатрешен мир, не дозволуваат неатрактивнато минато да се наметнува во сегашноста. Не им посветуваат многу внимание за нешто, што повеќе не можат да променат. Јаките луѓе, секогаш одбираат да се фокусираат на сегашниот момент, а сегашноста да ја направат интересна и примамлива.
Исто така не се плашат премногу од неуспех, бидејќи реално може да се случи, па затоа луѓето кои ја носат самодовербата со себе, не се плашат да рискираат повремено и да се обидат поинаку да го уредат својот живот по кој одат.
Психички јаките луѓе, учат многу и од своите грешки и навистина немаат никаква потреба да ги повторуваат, повторно и повторно. Луѓето кои во себе носат мир и љубов, навистина никогаш на другите не им завидуваат на успехот, туку ги потикнуваат луѓето, уште повеќе да работат на него.
Не ве гледаат вас попреку ако сте успешни во нешто па дури и ако сте во нешто подобри и од нив самите. Исто така тие јаките луѓе, знаат дека времето и енергијата која ја вложуваат во нешто, со успех нема да бидат наградени за 15 мин.
Знаат дека на сето тоа треба да се работи, па не го губат трпението очекувајќи успех преку ноќ.
Извор: atma
Leave a Reply