Отвори го своето срце и сакај

Заблагодарувај се за се’. Твоето срце нека биде широко отворено и твоето чувство за благодарност нека тече како струја без крај. Постојат многу работи за кои треба да се биде благодарен. Благодарноста ги отвора твоите очи спрема Мене и Моите чуда.

Затоа нема да пропуштиш ништо и ќе Ме видиш во се’ што се случува. Знаеш дека постојат шема и план што се провлекуваат низ твојот живот; затоа ништо не се случува случајно. Секој контакт е добар, секоја акција е водена.

Мораш целосно да веруваш, за да бидеш способен да живееш на тој начин, да имаш вера дека твојот живот го водам Јас и управувам со него. Тоа значи дека најнапред мораш да ми предадеш се’ свое, за да го искористам според Својата волја.

Мораш да научиш дека, дури откога ќе дадеш се’, се’ и ќе добиеш. Тоа можеш да го направиш дури откога ќе научиш да Ме сакаш со цело срце, со умот, душата и силата; зошто, без љубов не можеш да ги превземеш овие чекори, не можеш да го живееш овој живот.

Затоа, отвори го своето срце и сакај.

Ајлин Кеди- ‘Отворање на внатрешните порти’

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: