Задоволството е супер, но тоа не треба да биде темелна вредност околу која ќе го градите својот живот. Прашајте го било кој зависник, како завршила неговата потреба од задоволство.
Задоволството е лажен Бог. Постојат истражувања која покажуваат, како луѓето кои ја фокусирале својата енергија на површни задоволства, стануваат всушност загрижени, емотивно нестабилни и најчесто депресивни.
Задоволството е најповршна форма на среќа која е најлесно да се достигне и најлесно да се изгуби. Но, задоволството се рекламира 24 часа дневно. Тоа е она, на што се фокусираме. Тоа е она што го користиме за да го затупиме нашиот ум и со тоа да го окупираме.
Но, задоволството, иако е неопходно во животот во одредена мера, не е доволно. Задоволството не е причина за среќа, повеќе е последица. Ако другите вредности ги доведеме во ред, задоволството природно ќе се појави како последица.
Mark Manson
Leave a Reply