Сожалувањето се добива бесплатно, зависта мора да се заработи

‘Земете си време да бидете непристрасен набљудувач на животот, посебно кога крајот, предизвикува очај’- Lau Tzu

Не треба да бидеме некој и нешто. Не треба никој да го импресионираме. Како општество сме загрижени дали сме во тренд, како изгледаме и дали ќе се воодушевуваат другите.

Поради што? На кого му е гајле? Се обидуваме да ги исполниме очекувањата на другите луѓе во врска со нас. Тоа во суштина нема никаква смисла. Вечниот обид да им се докажеме на другите само не’ вознемирува.

Дури и кога ќе го достигнеме својот изглед, својот статус, слика или што и да се обидуваме да оствариме, повеќето луѓе нема ни да забележат.

Зошто тогаш толку многу се трудиме? Нашата окупираност со надворешноста не’ одвлече далеку од нас самите. Еднаш кога ќе го отпуштиме нашето его, ќе почувствуваме слобода која ни дозволува навистина да го вкусиме животот во целост без било каква тежина на очекувањата кои не’ кочат.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: