Разбудете се со гушкање, бакнеж, кафе. Алармот е баш досаден

Најсреќните луѓе, не се оние кои имаат најдобро од се’..Tие прават најдобро од се’. Најсреќните луѓе, немаат секогаш најголемо финансиско богатство. Тие секогаш имаат духовно богатство. Најсреќните луѓе не живеат во најдобрите градови. Тие секогаш живеат во најдобрата состојба на умот.

Среќата е нешто што сите ја имаат. Вистинската среќа никогаш не е надвор од тебе. Не се наоѓа во имотот или богатството. Велат дека среќата е најголемо ниво на успех. Тоа е вистина, бидејќи се’ што правиме е затоа што посакуваме среќа. Брзаме да стекнеме финансиско богатство, само затоа што мислиме дека ќе бидеме посреќни и дека повеќе луѓе ќе не’ сакаат, кога ќе бидеме богати. Создаваме ‘посебни’ односи, само затоа што мислиме дека ќе бидеме посреќни ако имаме идеален партнер.

Секако, нема ништо лошо во тие работи, но ништо не може да се спореди со вистинската среќа. Ништо не може да се спореди со внатрешниот мир кој го чувствуваш, кога ништо не ти е потребно однадвор. Иронијата е кога ќе дојдеш до местото, каде не ти е потребно ништо однадвор, почнуваш да ги привлекуваш тие големи работи во својот живот.

Кога си среќен, привлекуваш повеќе среќа. Никогаш не можеш да ги контролираш случувањата во животот, но секогаш можеш да го контролираш својот одговор на нив. Секогаш можеш да ги контролираш своите емоции. Секогаш можеш да го контролираш значењето кое и’ го даваш на секоја ситуација. Биди доброто кое сакаш да го видиш во својот живот. Она што сакаш во животот нека тргне прво од тебе и тогаш, ќе ти се врати.

Како и се’ друго во животот, ако практицираш среќа, таа ќе дојде. Една мала позитивна мисла може да го смени цел ден. Помини време во состојба на благодарност. Потруди се да ги мотивираш и другите. Биди љубезен без причина. Ништо нема да те направи посреќен.

Среќата доаѓа кога имаш позитивно очекување за својата иднина, кога ќе го пуштиш минатото и твојата намера нека биде, потполно да живееш во овој моќен сегашен момент.

Секогаш запомни го ова: Ништо не е вредно, ако не те прави среќен. Еден ден, се’ тоа ќе исчезне. Ништо околу кое се грижиш, на крајот нема да биде важно. Ослободи се од стравот, грижата и сомнежот. Единствено е важно твојот внатрешен мир, твојата внатрешна желба.

И затоа веднаш на твоето лице стави широка насмевка. Биди благодарен за магијата во твојот живот и кога ќе дојдат предизвиците, дочекај ги храбро, силно и со моќна насмевка

Извор: svijetpozitive

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading