Ако нешто сакате, тогаш одете до крај

Во животот, трпението не е работа на чекање, тоа е способност на задржување на добриот став, додека тешко работиме на своите соништа, знаејќи дека работата е вредна за тоа.

Затоа, ако се одлучите за своите соништа, вложете време и одете до крај. Во спротивно нема смисла ни да се почнува. Тоа може да значи, дека во животот на некое време, ќе ја изгубите стабилноста и комфорот, а понекогаш и умот.

Тоа може да значи, дека вашата комфорна зона толку ќе ја изместите, што постојано ќе чувствувате трпки. Тоа може да значи, дека ги жртвувате врските и се’ што веќе познавате. Некој ќе ве исмејува или дека некое време ќе бидете осамени.

Осаменоста може да биде дар, кој работите ги прави можни. Таа ви го дава потребниот простор. Се’ е тест на вашата одлучност, колку нешто навистина посакувате. А ако нешто посакувате, тоа и ќе го направите, без оглед на неуспехот, одбивањата и очекувањата.

На секој чекор ќе се чувствувате подобро отколку што можете да замислите. Ќе сфатите дека борбата не се наоѓа на патот, таа е самиот пат. И се исплаќа. Затоа, ако сакате да се обидете, одете до крај.

Не постои подобро чувство на светот..од она кога знаете зошто сте живи..

Извор: atma

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: