Златно правило – Гледај своја работа!

Својата сила ќе ја пронајдеш оној момент, кога ќе го прифатиш фактот дека многу малку луѓе, всушност ги интересира како се чувствуваш.

Тоа е моментот кога ќе се свртиш кон себе си и ќе распоредиш што имаш, како знаеш и умееш. Тогаш почнуваш да живееш живот, со она што во себе носиш.

Не, кога ќе наполниш четириесет, па да се опаметиш, не, кога ќе доживееш и преживееш тешка болест. Никој ништо од надвор не носи. Само тишината и ти. Ги затвораш очите, дишеш, да се смириш, осмислуваш што и како, ги отвораш очите и тргнуваш напред.

Живеј, со сета сила, но потпри се на силата која ќе ја пронадеш во себе. И внимателно троши ја, на вистински работи во животот.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: