Ако сакаш да бидеш позитивен, охрабрувачки, инспиративен човек, кој ги живее своите соништа, многу е важна околината во која се наоѓаш и луѓето со кои го поминуваме своето време.
Пробај што помалку време да поминуваш со негативните луѓе кои само кукаат, бидејќи негативните емоции, многу лесно се пренесуваат. Ако сепак не можеш да го избегнеш дружењето со такви луѓе, тогаш во нивна близина, едноставно исклучи се и не дозволувај нивниот став да влијае на тебе.
Тие уживаат во улога на жртва и не сакаат да ја прифатат одговорноста за својот живот. Ги обвинуваат околностите во кои се нашле, не знаејќи дека околностите не го прават човекот, туку го откриваат.
Што е можно повеќе дружи се со среќни и насмејани луѓе, кои се инспирација и кои имаат позитивен став кон животот, бидејќи не се вели залудно дека среќата е заразна.
Leave a Reply