Чувајте ги оние, кои ве слушале кога ни збор не сте кажале

Човекот се сака додека е жив. Затоа, размисли сега за расправијата која планираш да ја започнеш со некој, на кој му замеруваш нешто. Дали е најважно во секоја ситуација да се покажеш надмоќен, по цена, другиот да се понизи? Дали сакаш, навистина да се поставиш во улога на судија кон другиот, а и сам си свесен дека некогаш си направил многу поголеми грешки, од човекот на која му судиш.

Човекот се сака додека е жив, не кога ќе умре. Затоа размисли ако засекогаш одлучиш да прекинеш со некој, само затоа што е повредена твојата гордост. Дали навистина посакуваш во својата битка да излезеш како победник, без оглед на цената, во односите која треба да ја платиш? Дали е навистина најважно кој е паметен, појак, подобар, посилен, попривлечен, побогат?

На човекот не му требаат, не кажани убави зборови, му треба гушкање додека е жив. Се’ она што не си направил во текот на животот, не треба да даваш кога е доцна, глума е тоа или каење што на крајот, за тој човек, кого земјата ќе го покрие, исто му доаѓа.

Побарај ја таа личност, развесели ја со својата присутност. Не чекај ни момент, кога се’ ќе биде доцна. Ако нешто лошо направила кон тебе, запиши го тоа во песок, а не во камен. На крајот, сета твоја љубов која не си ја дал, а пред смртта ќе посакаш, не може ништо да врати, ни да промени. Затоа запомни, човекот се сака додека е жив.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: