Како се станува добар човек? Не се станува. Во секој од нас се ослободува

Пчелата лета од цвет на цвет и од него го пие слаткото, нектар, самата срж, без цветот да биде вознемирен. Кога ќе заврши со еден, лета до другиот цвет и таму исто така бара само нектар. Можеме многу да научиме од пчелата.

Пчелата не’ учи за уметноста на совладување на грешките во другите. Таа бара цвет и на места полни со ѓубре. Не обрнувајќи внимание на сметот околу, го бара и најмалиот цвет за да се напие нектар.

Една од најубавите доблести на човекот е да се откаже од потребата да бара мани во другите. Колку и да е лош, проклет и расипан овој свет, добриот човек секогаш може да најде нешто добро во нив. Тој ја велича добрината и едноставно лета преку се’ што не дава нектар, токму како пчелата.

Живееме во време во кое луѓето многу лесно критизираат, наоѓаат грешки, трачарат и уживаат во гласини за туѓи грешки. Но, добриот човек знае, што Исус рекол во Библијата: ‘Барај и ќе најдеш’ – ако барате нектар, нектар и ќе најдете. Ако трагате по грешки, пропусти и други одвратни работи, тогаш тоа е, се’ што можете да видите.

На пример, месечината секоја ноќ преубаво зрачи со своите освежителни, смирувачки зраци. Само будалата ќе погледне во Месецот и ќе го осуди, бидејќи има толку пеги на себе. Тој што е како пчела, не е загрижен за пегите. Само е во потрага за нектар.

Значи, добриот човек, секогаш ќе бара добро во другите. Дури и ако постои само една мала искра на добро во некој, добриот човек ќе посака да ја разгори таа искра и да направи, да расте додека не блесне и да ги проголта сите лоши особини.

Можеме нешто да научиме и од мувата. Во овој свет можеме да научиме лекции од добри и лоши работи. Мувата не ја привлекува цветот. Ако телото е многу здраво, а имате само една мала раничка која е заразена, мувата ќе го пронајде тоа место и ќе се храни со гнојот. Неа не ја интересираат здравите делови. Таа едноставно е во потрага за гној. Тоа е животот на мувата.

Значи, оној кој има менталитет на мува секогаш е во потрага по гној, секогаш брзо ги пронаоѓа маните, критизира, осудува и расправа за одвратни гласини.

Radhanath Swami

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: