Дваесет и петти септември 1995 година
Драга Кетрин, Помина еден месец откако ти пишав, но ми се чини како да помина многу повеќе време. Животот сега поминува покрај мене како пределите што се гледаат од прозорецот на автомобил. Јас дишам, јадам и спијам како секогаш, но во ништо што преземам во животот не наоѓам никаква смисла.
Едноставно пловам како пораките што ти ги пишувам. Незнам ни каде одам, ни кога ќе стигнам таму. Дури ни работата не може да ја намали мојата болка. Би можел да нуркам за задоволство или да им покажувам на другите како да го прават тоа, но кога се враќам во продавницата, таа изгледа толку празна без тебе. Ја складирам и ја порачувам стоката по навика, но дури и сега понекогаш несвесно фрлам поглед преку рамото и те довикувам.
Сега, додека ти го пишувам писмово, се прашувам кога и дали воопшто некогаш тоа ќе престане. Без тебе во мојата прегратка, чувствувам празнина во душата. Се фаќам како во толпата луѓе го барам твоето лице- знам дека тоа е невозможно, но не можам да се воздржам. Мојата непрекината потрага по тебе однапред е осудена на пропаст. Разговаравме за тоа што ќе се случи ако околностите не принудат да се разделиме, но не можам да го одржам ветувањето што ти го дадов таа вечер.
Жалам, најмила, но никој никогаш нема да може да го заземе твоето место. Зборовите што ти ги шепотев беа бесмислени и тоа требаше да го сфатам уште тогаш. Ти – и само ти- секогаш си била единствената што сум ја посакувал а сега, кога те нема, не сакам никогаш да најдам друга. Додека смртта не не’ раздели, шепотевме во црквата, а јас почнав да верувам дека тие зборови ќе одзвонуваат се до денот кога и јас, конечно не си заминам од овој свет.
Гарет
Писмата на Гарет од книгата ‘Порака во шише’- Николас Спаркс
Leave a Reply