Не може човек секој да го навреди

Да не заборавив нешто? Ако сум заборавила, значи, не било важно. Или не било за кажување. Но, ако е за право, ништо не е за кажување. Облеката е измислена за да ти ги покрива недостатоците. А зборот да ти го покажува и тоа што не се гледа.

Па, сепак, нешто те тера да зборуваш. Ти мислиш дека така само се ослободуваш, а всушност, си ги признаваш своите слабости. И без да знаеш, си ги признаваш.

Нема толку успешен збор што може да те обезгреви. Дури и кога мислиш дека искрено се исповедуваш. Зборот нема милост: на секоја кривина те чека за да те изненади. Секој збор има и свој лик и свој ум. Можеби тоа се токму твоите, но ти не си ги препознаваш. И секој погрешно употребен збор, може да те злоупотреби. И ќе ти ја уништи и чесната мисла што си сакал да ја соопштиш. Колку и да си претпазлив, ќе те изневери и ќе те предаде. Ќе го каже и она што не сакаш да се знае. Но како да се воздржиш да не зборуваш? Можеш ли да ја премолчиш неволјата што те прогонува?“

„Тунел“ – Петре М. Андреевски​

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: