Денес ќе бидам среќна. Знам дека сум создадена за тоа

Само денес ќе го живеам денот не обидувајќи се да ги решам сите животни проблеми. Денеска ќе внимавам како се однесувам. Нема да ги критикувам другите, ќе се поправам само себе си.

Само денес ќе бидам среќна. Знам дека сум создадена за тоа. Овој ден ќе се прилагодам на околностите, и нема да ги силам тие да ми се прилагодат на моите желби. Денес, само денес ќе и посветам време на добрата книга.

Храната е потреба на телото, а книгата за животот на душата. Овој ден ќе направам она што секогаш ми паѓа тешко: ако некој ме повреди нема за тоа да зборувам на сиот глас. Денес силно ќе верувам, дури и ако околностите покажат поинаку, дека некој горе се грижи за мене.

Токму денес нема да се плашам. Слободно ќе се радувам на се’ што денот ми носи. Можеби ќе ме обесхрабри сознанието дека така мора да биде цел живот.. Затоа денес ете ќе бидам таква..

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: