Лесно е да се биде среќен, навистина. Но, треба да имаш ‘кликер’. Да бидеш свој; да ги изневериш туѓите очекувања; ‘кликер’ да се тргнеш од оние со кои си близок, бидејќи нивното друштво повеќе не ти годи.
‘Кликер’ да кажеш она што мислиш и чувствуваш, дури и тогаш кога знаеш дека ќе бидеш не благодарен, да го следиш повикот на својата душа дури и тогаш, кога те вика од далечни, непознати предели.
Кликер да не се даваш себе; да бидеш искрен кон другите дури и тогаш кога знаеш дека вистината нема да им се допадне; да останеш слободен во светот кој на сите начини се обидува, рацете да ти ги врзе.
Да се смееш во светот, кој туѓата среќа не ја простува; да не изневериш, не крадеш, да не живееш на туѓа сметка, бидејќи знаеш дека е моќно да бидеш независен; да не се изгубиш себе, дури и ако си опкружен со изгубени, да ги газиш препреките, заблудите, предрасудите, да го обожуваш животот, дури и тогаш кога другите на животот се жалат..
Да, лесно е да се биде среќен ако си доволно ‘луд’ да не се вклопуваш во калапи и да креираш чуда.
Leave a Reply