И секогаш се имаме само себе си..

Егото никогаш не е посилно, како во моментот кога си во право. Да бидеш во право, значи да се поистоветуваш со менталниот став, сфаќање, мислење, просудување или приказна. Секако, ниту едно его не е секогаш на тронот, затоа што, некогаш е во право, некогаш и не е, се’ доживува инфериорно, го чувствува гневот, лутината, повреденоста.

Токму од тоа произлегува светското страдање- бидејќи се идентификува со егото, на лично и колективно ниво, поради што, никогаш не сме во единство со другите, па така ни со себе.

Секогаш постои внатрешен и надворешен конфликт. Внатрешен, кој се врти околу тоа дали сме и што би сакале (морале) да бидеме и надворешен, кој се врти околу тоа, што се и какви се другите и што сме ние, во односот на другите.

Егото не греши, тоа е само несвесно. Кога ќе го набљудуваш егото во себе, почнуваш да го надминуваш. Не го земај егото за сериозно. Кога во себе ќе забележиш егоистичко однесување, насмевни се. Понекогаш можеш да се насмееш. Како е можно, човештвото толку многу да се поистоветува со ова?

Екхарт Толе

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: