Кога ќе сфатиш дека немаш време за луѓе без душа и зборови без значење

Да се биде добар и да се биде глуп се два различни поими. Да се биде добар, е она што ти си во своето битие, без посебен труд и докажување. Да бидеш глуп, е она што не е во согласност со тебе, како на пример, да им дозволиш на другите, да те повредуваат под паролата- ‘ Јас сум премногу добар’.

Не, тоа не е добрина, тоа е чиста глупост. Како можеш да бидеш добар кон другите, а кон себе не? Како допушташ да се повредуваш себе, преку сопствената добрина?

Не, тоа не е добрина. Си ги измешал работите. Тоа е навистина голема глупост. Научен шаблон и образец на однесување од детството. Биди добар, ти зборувале, а да се биде добар, значеше- молчи и слушај.

Сфати, тоа нема никаква врска со добрината. Никој не може да те научи да бидеш добар, ти тоа си, но си научен да бидеш огорчен, да немаш право на свое мислење, научен на покорност.

Кога си бил дете, тоа и може да биде оправдание. Но, кога ќе пораснеш, од каква важност е, да ја оправдуваш својата глупост? Кога ќе ја совладаш сопствената глупост, кога ќе научиш да кажеш не, кога ќе научиш да се заштитиш себе си, кога ќе научиш дека твоето мислење е свето, кога ќе увидиш дека глупоста не е добрина, ќе дојдеш до себе.

Кога едноставно си она што си, потполно и оголено искрен кон себе, ти си добрина. До тогаш, ќе ја докажуваш својата таканаречена добрина, иако е обична глупост.

И нема ништо лошо во тоа. Сите се згрозуваат од таква помисла за себе, но, секако е поубаво да се помисли: ‘Јас сум премногу добар’.

Но, дури тогаш, кога работите ќе ги наречеш со вистинско име, ќе направиш чекор напред, а не чекор во круг.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: